Актерката Блејк Лајвли фотографирана е деновиве во Њујорк во комбинација која потполно одговара на променливото пролетно време, а ѕвезда на нејзиниот стајлинг e долгиот фустан во бохо-стил – модел кој можете и вие да го набавите во продавниците на Манго, бидејќи е дел понудата на новата колекција Chufy x Mango, креирана во соработка со Софија Санчес де Бетак.
Фустанот е удобен, со интересен кашмирен принт, со трендовски балон-ракави, модел совршен за пролетно-летните денови. Интересна е и еклектична комбинацијата на Блејк – таа фустанот на Манго го комплетирала со мантил со линии, чанта со потпис на Луј Витон и гумени сандали, какви што сме носеле во детството и сега повторно се во мода.
Нема коментари