Насекаде во светот се користи кокосовото масло, но ќе се зачудите кога ќе сфатите дека тоа крие многу тајни и може во да се употребува како во исхраната, така и како козметички препарат. Моќно и ефикасно делува на косата, лицето, телото, а има уште неколку благотворни дејства. Препорачуваме да го набавите како кокосов путер во тегла, а ќе го најдете во продавниците за здрава храна. Може да го употребувате во готвењето, но и да го мачкате на лице, коса и на тело. А може и да помогне и во следниве помалку познати ситуации:
1.Ги осветлува старечките дамки. Делува брзо и едноставно, сè што треба да направите е со благо триење да ги премачкате критичните делови и оставете маслото да „преноќи“. Резултатите се видливи веќе после недела или две.
2.Ја спречува појавата на стрии. Може ли поверувате дека мала количина на кокосово масло може да ја спречи, а донекаде и да ја отсрани оваа несакана појава на телтото? За само неколку недели од почетокот на мачкањето со ова масло, ќе забележите дека кожата е измазнета.
3.Ги опоравува распуканите врвови на косата. Ако немате идеја како да се ослободите од распуканите врвови, одговорот е со кокосово масло. Што треба да направите? Ставете малку масло на дланките и благо протријте го, потоа распоредете го по косата и со чешел поминете низ целата површина. Потрудете се најмногу масло да има на краевите, но исто така и на коренот на косата. Оставете го на отстои преку ноќ, а потоа убаво измијте ја косата.
4.Го стимулира растот на косата. Ако сакате долга и бујна коса, тогаш почнете да користоте кокосово масло. Употребата е иста како во претходниот случај.
5.Го подобрува и растот на ноктите. Третирајте ги ноктите и заноктиците со кокосово масло со што ќе ги зајакнете ноктите и го забрзате нивниот раст.
6.Има антиејџ ефект. Може да го употребувате како замена за хидратантен крем. Има антимикробни и антибактериски својства и успешно се бори против акните, го подмладува лицето и ја прави кожата посјајна.
7.Одлично се бори против габичните инфекции. Никој не би помислил дека кокосовото масло може нешто да излечи, но треба да се знае дека е моќен борец против габички, особено оние во вагиналниот предел. Натопете го тампонот со кокосово масло и веќе после неколку часа ќе забележите големо олеснување.
8.Ги растерува бубачките. Кокосовото масло измешано со малку рузмарин и нане може да ги растера инсектите во вашиот стан и тоа без никакви хемикалии.
9.И ова не е крај. Кокосовото масло може да го употрбувате и како средство за чистење лице, заштитно средство од сонце (СПФ 4), лосион за тело, масло за масажа, додаток во овошен шејк, го заменува путерот при готвење, има антибактериско дејство при чистење на усната шуплина, па дури може да се користи и како лосион за бричење.
Нема коментари