Филмот „Истребувач 2049“ (Blade Runner 2049), кој критичарите го нарекуваат акцион спектакл на годината, доаѓа во скопските кина. Од утре (четврток) ќе се најде на репертоарот на Cineplexx во „Скопје сити мол“ и во градското кино „Милениум“.
Денис Вилнев моментално е еден од најбараните и најатрактивните режисери во Холивуд. По неколку успешни фестивалски филмови како што се „Политехник“ и „Нашата мајка“ следуваа и низа успешни филмски хитови, пофалени од страна на критичарите („Затвореници“, „Сикарио“), кој кулминираше минатата година со научно-фантастичната драма „Пристигнување“ за која доби дури осум номинации за престижната награда Оскар, меѓу кои и онаа за најдобар режисер. Оваа есен не очекува ново изненадување од овој прославен визионер, а станува збор за еден од најпознатите научно-фантастични филмови во историјата на кинематографијата- „Истребувач 2049“ (Blade Runner 2049). Во овој акционен спектакл главните улоги ги толкуваат Рајан Гослинг и Харисон Форд.
Триесет години по настаниот од првиот филм, новиот истребувач, полицаецот К од полицијата од Лос Анџелес (Рајан Гослинг) ја открива долго чуваната тајна што има можност да предизвика хаос во општеството и да стави крај на човештвото. Откритието на К го носи во потрага по Рик Декард (Харисон Форд), поранешен полицаец од Лос Анџелес кој е исчезнат веќе 30 години.
Иако малку се знае за самото снимање на овој филм, ексклузивните најави јасно ветуваат дека не очекува вистинско визуелно доживување какво ниту Стивен Спилберг ниту Џорџ Лукас во своите најдобри режисерски денови не би се ни посрамотиле да снимат.
Филмот „Истребувач“ (Blade Runner) од 1982 година, не постана блокбастер во вистинска смисла на зборот, но како одминуваше времето го доби својот култен статус, а денес важи за еден од најдобрите научно-фантастични филмови некогаш снимени кој на изразито реален начин ја предвидуваше иднината на човештвото. Не е ниту случајност колку обожавателите и филмските ентузијасти ширум светот нестрпливо го очекуваат продолжението кое оваа есен ни доаѓа во режија на визионерот каков што беше Ридли Скот (режисерот на првиот „Истребувач“ (Blade Runner)).
Филмот ни носи фантастична актерска постава која ја предводат двајцата главни актери – Рајан Гослинг и Харисон Форд кој ја повторува својата улога на полицаецот Декард. На нив им се придружуваат и оскаровецот Џеред Лето („Добрите дилери од Далас“), Ана де Армас („Кучиња на војната“), Баркхад Абди („Капетан Филипс“), Едвард Џејмс Олмос (ТВ серија „Батлстар Галактика“), Дејв Баутиста („Спектра“) и добитничката на наградата Златен Глобус, Робин Рајт (ТВ серијата„Куќа од карти“).
Нема коментари