Ексцентричната исландска пејачка Бјорк го објави својот нов албум Vulnicura два месеци порано од планираното откако дел од материјалот се појави нелегално на интернет. За да ја спаси целата ситуација Бјорк одлучи албумот да го објави во дигитална форма на iTunes, додека во март ќе го доживее своето „физичко“ издание. На албумот има девет песни на кои продукциски работеа Arca и Haxan Cloak, а на една од песните гостува Ентони Хагарти од Anthony and the Johnsons. Бјорк на фановите им се обрати преку официјалниот профил на „Фејсбук“ и откри дека дел од материјалот е нејзина емотивна хронологија на настани од личниот живот, а албумот зборува за скршеното срце и лечењетона раните. Во исчекување на новиот музички материјал, претпоставуваме дека ќе доживееме и визуелно уживање благодарение на смелоста и во модниот израз.
Нема коментари