Годинава сакате да добие унапредување!? Tогаш Размислете дали оставате вистински естетски впечаток пред надредените во вашата фирма и подобрете го вашиот деловен изглед. Да се разбереме, не велиме дека убавото сако или секси салонките директно ќе влијаат на зголемување на платата, но веруваме дека уредниот стил и внимателно избраната деловна облека ќе ја зголеми вашата доверба, ќе го подигне мислењето на колегите за вас, ќе направи да изгледате дел од раководството.
Ако сакате да го надминете класичниот деловен дрес-код, инспирирајте се од овие комбинации фотографирани на светските улици и украдете неколку стилски лекции. На пример, слободно експериментирајте со различни принтови, но за поголем професионален впечаток користете ограничена палета на бои. Ако се одлучите за костим, панталоните и сакото нека бидат во различна боја или барем текстура. Широкото здолниште до колена е супер идеја за канцелариска облека, комбинирајте го со салонки и струкирано сако. Мешајте класични парчиња со навидум неспоиви шари, на пример панталони на пруги со карирано палто. Ако работното место дозволува полежерен изглед, изберете необичен дуксер, но комбинирајте го со класични панталони и чевли. Црвената боја зрачи самодоверба и моќ, што мора да признаете, никогаш не е лоша работа на работното место. Наместо класични салонки, носете ниски оксфорд-чевли. Може да носите блуза без ракави и во канцеларија, но под услов одозгора да облечете сако или кардиган. Како да ги разиграте класичните црни панталони? Спојте ги со бела минималистичка блуза со детали во форма на оригами. Кога имате креативна работа, може да си дозволите поавангардни парчиња, но шарените чевли со отворени прсти или облеката со чудни форми не поминува кога работите во банка или на важен состанок во голема компанија. Ако работното место ви налага секојдневно да носите сако, повремено отстапете од класичните форми и набавете парче со необични ревери, боја или крој. На работа може да носите фармерки, ама тоа не значи дека треба да се опуштите, туку комбинирајте ги со деловни парчиња како класични чевли и палто. Не претерувајте со накитот, изберете само едно впечатливо парче. Не е многу комплицирано, нели?
Нема коментари