Специјалната линија на чевли наменети за модерни деловни жени наречена „Од 9 до 5“ на британскиот бренд „Шарлот Олимпија“ зад кој стои Шарлот Делал, сега може да се најде на интернет-продавницата Net-a-Porter. Дизајнерката се фокусира на чевли со класична силуета инспирирани од 50-тите години, во со модерни елементи како комбинации од велур, лак и прозрачни ефекти. Обожавателки на чевлите на Шарлот веднаш станаа Натали Масенет, сопственичката на Net-a-Porter, Опрфа Винфри и Аријата Хафингтон од Huffington Post, а како успешни деловни жени веројатно ќе им се допадне и новата линија. Секој еден од моделите од оваа колекција е придружен со посебни чорапи и кутија во форма на актовка, наменета да се вклопува со ентериерот на секоја канцеларија.
Нема коментари