Пред 25 години француската козметичкo-фармацевтска компанија Bioderma ја лансира првата мицеларна вода во светот, а по повод јубилејот го слави со лимитирана едиција на дизајнерски шишенца. На пазарот се појавија безброј мицеларни води за чистење на лицето, но Bioderma Sensibio H2O сè уште важи за најдобриот продукт во делот на мицелари и е најпродаваната формула на мицеларна вода. Новите пакувања на Sensibio H2O се дизајнирани во чест на 25-годишнината и на нив ја читаме пораката „Твојата кожа заслужува почит“, мантра која ја подразбира и ојачување на жените, во однос на почитувањето не само на нивната кожа, туку и на нивните одлуки. „За жени кои се силни и чувствителни. Без оглед на нивната возраст, потекло, верба или историја. На сите жени кои донесуваат лични, професионални и интимни одлуки, без разлика дали се оспорени или поддржани, но тие го одредуваат текот на животот. Без оглед на тоа каква е одлуката на една личност, најважната работа на таа одлука е да се чувствувате добро за себе“, порачуваат од Bioderma. Во 1995 година, Bioderma Laboratories ја создаде првата мицеларна вода со моќ за да ја смири најчувствителната кожа. Формулата на оваа вода оттогаш стана фалена поради способноста да ја почитува природната биологија на кожата. Овој производ е револуционерен за отстранување на шминката и за секојдневната хигиена на лицето, а нема да погрешиме ако констатираме дека ја смени рутината за нега на лицето. Мицеларниот раствор на Bioderma е на основа на технологијата на мицелари (масни киселини кои впиваат мати, ја топат нечистотијата и ја разградуваат маснотијата), како и на вода која поминала низ девет фази на прочистување. Bioderma Sensibio H2O не само што ја отстранува шминката, туку и ја чисти кожата од микрочестички и тешките метали од загадувањето и ја враќа на нејзината природна чистота, а во исто време ја негува кожата. Поточно, елиминира 98% од загадувањето од вештачкиот површински слој на кожата, што значи подлабоко чистење на слоевите под нив. Чисти 78% од металите што наоѓаат на нашата кожа. Чисти 99% од шминката од кожата, што го прави особено корисен за оние со чувствителна кожа. Ја обновува кожата по битката на елементите. Промените во температурата ја зголемуваат чувствителноста на кожи, оставајќи ја поранлива на оштетувања. Покрај тоа, потта создава кисела pH вредност што предизвикува иритација и црвенило на кожата. Sensibio H2O има pH 5,5, што ја почитува биолошката кожна бариера. Денес на секои три секунди се продава по едно шишенце на мицеларна вода на Bioderma Sensibio H2O. Овој производ е достапен и кај нас, и можете да го најдете во подобро снабдените аптеки. Покрај класичното издание на мицеларна вода – Sensibio H2O, Bioderma нуди уште четири варијации: Sensibio H2O AR (за кожа со црвенило), Hydrabio H20 (за дехидрирана кожа), Sébium H2O (за комбинирана кожа, мрсна и акнична) и Pigmentbio H2O (за хиперпигментирана кожа). Покрај тоа, има мали шишиња од 100 мл, идеални за патување, како и формат со пумпа.
Нема коментари