Славниот македонски дизајнер со успешна интернационална кариера Ристо Бимбилоски работеше на плетивата и на новата колекција на брендот Maison Margiela за пролет 2017. Моделите создадени под креативно водство на контроверзниот британски дизајнер Џон Галијано беа презентирани деновиве на Модната недела во Париз. Бимбилоски, кој родум е од Охрид, неколку сезони работи во одделот за плетива на Maison Margiela. Неговата умешност да ја примени традиционалната техника во изработка на современи креации се покажа и со оваа несекојдневна колекција. Плетените модели одлично се вклопиле во модниот мозаик, кој е спој на уличната мода и футуризмот. Линијата отскокнува и со комплексниот повеќеслоен микс на парчиња и храбриот начин на комбинирање.
Нема коментари