Младата музичарка Били Ајлиш потполно го смени својот имиџ и сега е блондинка, ако досега беше препознатлива по тоа што постојано носеше широка и неретко вреќеста облека, сега одлучи да го открие своето сензуално тело – деветнаесегодишната Били позира во секси корсет на насловната на новиот број на британски Vogue.
Ајлиш во придружното интервју на Vogue вели дека додека растела своето тело го перципириала како една од нејзините најголеми слабости, како врвен извор на несигурност. Но со насловната страница на Vogue и комплетната фотосесија порачува дека денес го сака своето тело, дека се чувствува самоуверено, но и дека не смее никому да се суди во изборот дали ќе се разголи или не.
-Сè се сведува на тоа што ве прави да се чувствувате добро – изјави Ајлиш за новата музика, динамиката на моќта и нејзината визуелна трансформација.
Нема коментари