Поп кралицата Бијонсе се појави во светла тоалета со светки и со детали од пердуви на црвениот килим на вчерашното доделување на MTV Video Music Awards во Њујорк, а друштво ѝправеше ќерката Блу Ајви која исто така носеше драматична креација. Фустанот со кој Бијонсе ги привлече сите погледи е од последната колекција на висока мода на Francesco Scognamiglio. Нејзиниот изглед можеби беше малку бизарен поради крилјата од пердуви, но е далеку поинтересен и повпечатлив од парадата на невкус што ја видовме на црвениот килим на доделувањето на наградите.
Нема коментари