Популарната пејачка и нејзиниот сопруг веќе неколку дена ја практикуваат оваа диета, ги посетуваат веганските ресторани, а според фотографиите на Инстаграм профилот на Бијонсе, уживаат во супите и оброците со зеленчук. Брачниот пар донесе одлука за 22-дневен вегански предизвик преку кој сакаат да постигнат духовно и телесно прочистување. На ова ги поттикна и нивниот пријател Марк Боргес, кој е основач на проектот „22 дена исхрана“. Ако се земе предвид дека се потребни 21 ден да се „разбијат навиките“ на старата исхрана, тогаш јасно е зошто Бијонсе и Џеј Зи решија 22 дена да бидат на новата диета. Бијонсе редовно ги фотографира оброците и споделува од што се состои нејзината исхрана деновиве – јадења со зеленчук, овесни каши, шумско овошје, јаткасти плодови, бистри супи, па дури и вегански тестенини и познатите американски макарони со кашкавал.
Нема коментари