Капутите, сакоата и мантилите во бежова боја се секогаш популарни, вечен стил на кој му се навраќаме од сезона во сезона. Оваа неутрална и дискретна нијанса лесно се комбинира со другите бои, а класичниот беж капут овозможува безвременски изглед кој лесно се вметнува во различен стил. Беж палтата постојано се реобликуваат во нови форми, кроеви, трендовски детали, а дозволуваат голема креативна слобода во стилизирањето, бидејќи лесно се комбинираат со секакви парчиња облека и додатоци. Понекогаш ја играат главната улога и се највпечатливиот дел од комбинацијата, ама неретко се и „празно платно“ на кои дополнувате интересни чанти, јаки бои, високи чизми или нешто во ваш стил.
*Не е дозволено пренесување на содржината на www.stylist.mk без одобрени на уредништвото. При објавување на материјали од модниот сајт www.stylist.mk, во други медиуми задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот и поставете хиперлинк. Цитирањето и објавувањето на линкот е задолжително, во спротивност ќе подлежите на правни мерки.
Нема коментари