Беж мантилот со класичен крој е безвременско модно парче и сосема погодно за пролетното променливо време кога час врне, час е сончево. Во спој со хеланките, кои се тренд сезонава и облека позајмена од 80-тите, создава модерен изглед кој им е омилен на стилските ѕвезди. Навидум едноставна комбинација, мантилот и хеланките заедно креираат модерен стил со голем ефект.
Со хеланките како еден дел од овој моден спој, овој тренд се повикува на желбата за носење удобна облека (покрај хеланките, тука се тренерките и дуксерите), која ја откривме за време на повеќемесечниот карантин, а продолжува и на отворено и во уличната мода. Сега хеланките и другите поспортски парчиња се носат со поелеагнтна и класична обелка како мантилот.
Како стилска идеја еве неколку спортско-шик комбинации со беж мантил и црни хеланки, дополнително стилизирани со кроп-топ, едноставни маици или дуксер, со омилената чанта и безбол капче, како и со трендовските обувки – патики, кломпи или кожени апостолки со платформа.
Нема коментари