Парискиот музеј на Роден во соработка со Фондацијата Мејплторп ќе организира изложбена поставка со тема работен дијалог меѓу двајца уметнички мајстори – францускиот скулптор Огист Роден и њујоршкиот фотограф Роберт Мејплторп, собирајќи на едно место 102 фотографии и 54 скулптури. Нивните дела, разделени со време и континенти, за првпат ќе се здружат на 8 април годинава, кога на едно место ќе може да се забележат сличноста во темите и изразот на авторите, иако едниот работел во 19 и почетокот на 20 век, а вториот најдобрите фотографии ги направил во 80-тите години на 20 век.
1 коментар
I love Robert Mapplethorpe!