Ако септемврискиот број на Vogue се смета за најважен и најпродаван, тогаш и насловната е исто така посебна и релевантна. Толку е важен што дури цел филм е снимен за подготовката на еден септемврсики број – September Issue. Американски Vogue вчера објави дека лицето од септемвриската насловна е Бијонсе, со текстот дека „има само една септемвриската насловна и има само една Бијонсе“. Пејачката на првата страница носи фустан од Марк Џејкобс, а фотографијата е на Марио Тестино.
Нема коментари