„Остани доследен на себе“, „Оди напред, издвои се“, „Импровизирај, опушти се“ се дел од инспиративните пораки во новата кампања на модниот бренд „Бершка“, претставена деновиве на социјалните мрежи. Во едиторијалот наменет за двата пола, за сезоната пролет-лето 2017, претставени се носечките креации, инспирацијата и тенденциите за потоплите месеци. Застапени се младешки креации инспирирани од панк и гранџ стилот, како кожени фустани, изресени џемпери со дупки, исечен и валкан џинс… Понудени се и романтични парчиња, како розови модели од тантела и креации со карнери. Се издвојуваат и корсетите – колани од џинс.
Нема коментари