Дел од летните колекции на модниот бренд Бершка е оваа линија во која главната улога ја има чоколадно кафената боја, која што одлично се спојува со белата. Повремено ја запоставуваме оваа кафена нијанса, но таа е разновидна, елегантна и добро ѝ ласка на женската фигура. Во тандем со белата, Бершка создаде неколку инспиративни младешки изгледи – летни кроп-топ модели и маици споени со ленени панталони, едноделни костими и мини фустани, креации од кафено-бела психоделична шара.
Нема коментари