Били Ајлиш триумфира во музиката, но поради нејзиниот специфичен стил ги привлекува и луѓето од модата и младата пејачка веќе неколку пати соработуваше со модни брендови. Еве ја и втората нејзина колекција за Бершка, повторно со елементи карактеристични за имиџот на Ајлиш – комбинирањето на предимензионирана облека. Во новата колекција за есен-зима 2020/21 има тренерки, дуксери, блузи со долги ракави, маици и модни додатоци (чорапи, капи и футроли за телефон). Олеката е со широк крој и со принтови на аниме јунаци.
Нема коментари