Познатиот слика „Девојчето со балонот“ на таинствениот и контроверзен уметник Бенкси, вчера беше ставена на аукција во „Сотби“ во Лондон. Но, секунда откако беше продадена за нешто повеќе од еден милион фунти, сликата се самоуништи со помош на вграден шредер. Луѓето во салата каде што се одржа аукцијата останаа шокирани, а во исто време Бенкси на својот Инстагарам профил ја објави фотографијата од уништувањето на делото со коментар Going, Going, Gone, што алудира на терминот Going, Going, Sold што се користи кога нешто ќе се продаде на аукција. Бенкси исто така објасни дека механизмот за сечење на хартија бил монтиран пред неколку години во рамката на сликата, со намера да се активира доколку некогаш делото се продава на аукција.
Целиот овој настaн повлекува нови прашања –кој е Бенкси, најпознатиот уметник на улични графити, и дали конечно ќе биде откриен неговиот идентитет? Како е возможно во ова доба кога сè снимаме со напшите телефони, никој да не успее да го „фати“ Бенски како слика по ѕидовите на светските градови? Дали кога некое дело е ставено на аукција треба да биде проверена автентичноста, но и сликата, рамката, и дали можеби шокантниот настан е договорен меѓу уметникот и познаната аукциска куќа?
„Девојчето со балонот“ настанала во 2006 година на ѕидот на една лондонска зграда и едно од најпознатите дела на Бенкси. Верзијата продадена на вчерашната аукција е репродуцирана на платно со помош на спреј и акрилни бои. Оригиналното дело „Девојчето со балонот“ жителите на Велика Британија лани го прогласија за омилено уметничко дело.
Од „Сотби“ не соопштија кои акции ќе бидат превземени во иднина во однос на пропаднатата продажба.
*Не е дозволено пренесување на содржината на www.stylist.mk без одобрение на уредништвото. При објавување на материјали од модниот сајт www.stylist.mk, во други медиуми задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот и поставете хиперлинк. Цитирањето и објавувањето на линкот е задолжително, во спротивност ќе подлежите на правни мерки.
Нема коментари