За првпат во своето повеќедецениско постоење брендот United Colors of Benetton лансира капсулна колекција направена во соработка со друг дизајнер надвор од модната куќа, и тоа со талентираната Стела Џин. Дизајнерскиот израз на оваа италијанска дизајнерка со потекло од Хаити е доста сличен со креациите на Benetton во кои доминира микс на шари и бои. Смелите шари и етно мотиви на Стела Џин сега се пресликани на моделите на Benetton, кои од почетокот на декември ќе се продаваат во селектирани продавници на брендот и онлајн на Benetton.com.
Соработката вроди со капсулна колекција во која на креативен начин се мешаат стилови и култури, сето тоа во името на почитувањето на сите светски народи и малцинства. Низ колекцијата се повторуваат зворовите Natal и Native, како асоцијалица на родно место, корени и гордост во изразување на културата во потолност, а како слики и влијанија се употребуваат мотиви од носии, декорации и симболи. Дел од креациите се направени во мали кооперации на Хаити и во Етиопија, како дел од заложбата на Benetton за социо-културно мешање и заживување на традиционалните занаети.
Нема коментари