Еден месец по одбележување на 25-годишнината од самостојноста на Република Македонија, еден од најреномираните домашни модни брендови, Bella, прославува исто толку години постоење. Тимот на македонската модна куќа денеска со забава во просториите на „Ивент Центарот 21“ со почеток од 20 часот ќе одбележи четврт век, во друштво со своите клиенти, медиумите и соработниците.
Предвидена е една интересна програма, преку која на уникатен начин ќе се прикаже приказната на Bella. Јубилејот изминатиот период беше одбележан и со видео, реализирано со помош на агенцијата „Моментум“, „Мелем продукција“, „Масива“ , шминкерот Зоран Шурбевски и познатиот македонски модел Светлана Црнокрак, која е заштитно лице и на промотивната фотосесија за новата колекција. Во видеото се доловува работата на компанијата низ годините, со колекциите од 1991 година па сè до 2016 година.
Покрај тоа, излозите на продажните салони во ГТЦ и Сити Мол, се со специјална роденденска декорација, т.е. украсени со портрети од дами, кои низ годините на различен начин придонеле за успехот на компанијата – досегашни соработници, блиски пријатели и лојални клиенти.
Брендот „Bella” е препознатлив по елегантните женствени креации, наменети за модерни и деловни жени, во ческор со светските трендови.
Нема коментари