Најефектно модно парче кое никогаш не излегува од мода, едноставно и сестрано, столб на базичната облека, ултимативен класик на модерното време, ама и најевтина модна инвестиција
Кога зборуваме за модните класици кои со години опстојуваат и покрај мноштвото нови трендови, не можеме да го заобиколиме ова парче – бела памучна маица со кратки ракави, едноставна и сестрана, база скоро на сечиј гардеробер. Привлечноста на белата маица е што се комбинира и вклопува во секаков стајлинг и нуди крајна удобност. Остава простор за креативност и за изразување на сопствениот личен стил.
Се носи со фармерки и ленени панталони, под летен свилен фустан со тенки прерамки, со разни лежерни и свечени здолништа, со кратки панталони и трендовски бермуди, во секојдневни комбинации и неретко со елегантно сако за вечерни или деловни пригоди. Белата маица секако е незаобиколен дел од женската и машката гардероба. Ќе ја најдете во понудата на сите модни брендови, а ако го почитувате еколошкиот принцип, секако ќе одбере модел од самоодржлив памук.
Претпоставуваме дека секој има барем една обична бела маица во својата гардероба, а веруваме дека ќе ја користите како основа во креирањето на вашите пролетно-летни комбинации. За пример, еве една галерија со предложени изгледи, можете да ги копирате и примените на свој начин.
*Не е дозволено пренесување на содржината на www.stylist.mk без одобрени на уредништвото. При објавување на материјали од модниот сајт www.stylist.mk, во други медиуми задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот и поставете хиперлинк. Цитирањето и објавувањето на линкот е задолжително, во спротивност ќе подлежите на правни мерки.
Нема коментари