По промоцијата на „Премиум“ колекцијата со доминантна бела боја, брендот „Манго“ лансира капсулна линија во овој тон за лето 2016. Креациите се со чисти, прави линии, минималистички дизајн-идеални за летна елеганција. „Манго“ се надоврзува на трендот за комбинирање на две бели парчиња. Покрај класичните бели кошули и маички, понудени се блузи со качулки, кратки топови и модели инспирирани од ориенталните кроеви. Може да се комбинираат со три-четврт панталони, килот модел, молив тесни и класични со машки крој. Во линијата има и фустан-кошула, удобна за патувања и зана плажа.
Нема коментари