Елегантни и класични, романтични и од тантела, со карнери или минималистички, белите блузи и кошули споени со фармерките се стилски евергрин и модна целост на која ѝ се враќаме во разни сезони. Белата блуза и фармерките се едноставна комбинација во која секогаш се чуствуваме неодоливо, а во зависност од модните детали, може да се прилагоди на полежерна или вечерна пригода. Постојат повеќе варијации на оваа тема, но периодов бираме парчињата во ретро стил и применуваме стајлинг кој потсетува на 70-тите години. Фармерките се со висока половина, со малку ѕвонести ногавици или должина над глужд. Блузите се со романтични карнери во бохо-стил, во модната понуда има голем избор на блузи од тантела, а актуелни се и моделите со пуф-ракави.
*Не е дозволено пренесување на содржината на www.stylist.mk без одобрени на уредништвото. При објавување на материјали од модниот сајт www.stylist.mk, во други медиуми задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот и поставете хиперлинк. Цитирањето и објавувањето на линкот е задолжително, во спротивност ќе подлежите на правни мерки.
Нема коментари