На 4 август во попладневните часови, на пристаништето во Бејрут се случи голема експлозија со разорна моќ. Има многу мртви и повредени, се претпоставува дека се уништени околу 300.000 домови, а во главниот град на Либан е воведена вонредна состојба.
Локалните модни дизајнери изразија сочувство до жртвите и не можат да најдат зборови за да ја опишат нивната болка од трагедијата со која сочувствува целиот свет. Многу од нивните ателјеа се во самата област што го доби максималниот удар и се уништени.
Од експлозијата е оштетено седиштето на светски познатиот либански креатор Ели Сааб, кое се наоѓа во ценралното подрачје на градот, поточно во тренди областа Гемајзе. Дизајнерот и неговиот тим биле во ателјето кога се случила експлозиајата, но успеале да избегаат и не се повредени. Од модната куќа велат дека сите се во состојба на шок од она што се случи, но тоа е повеќе жал за нивната земја и жителите, отколку за материјалната штета.
Зухаир Мурад е уште еден дизајнер чие ателје е уништено од експлозијата, а Vogue Arabia објави фотографија од разрушената зграда во која се наоѓаат неговите канцелаии, исто така лоцитрана во областа Гемајзе, позната по тренди барови и ресторани. Од неговата модна куќа изјавија дека никој не е повреден. Во катастрофата настрадаа и ателјеата на други либански дизајнери како Раби Кајруз, Џорџ Хобејка, Рони Хелоу, Андреа Вазен, како и на салони за убавина и трговски центри, кои во одредена мера изгубија дел од своите ателјеа или продавници.
View this post on Instagram
Legendary Elie Saab @eliesaabworld House in Beirut Gemmayze Damaged from the Explosion – منزل المصمم اللبناني العالمي #ايلي_صعب الأثري في #الجميزة اصبح انقاض الحمدالله على السلامة ❤️ [SWIPE] @claudinesaab @celiosaab @eliesjr #Magleb #ElieSaab #ElieSaabWorld #Lebanon #Beirut A post shared by MAGLEB LTD #SeeItFirstHere (@maglebanon) on
Нема коментари