Скопскиот електро-поп состав „Беј д фиш“ на 12 април ќе го одржи својот последен концерт. Членовите на составот, Огнен Анастасовски, Валентина Миновска и Ненад Тонкин, одлучиле со настапот во „Сити хол центар“ (поранешно „Хард Рок“) во Скопје, со почеток во 22 часот, да ја завршат 12-годишна приказна на „Беј д фиш“. Групата зад себе има пет студиски албуми и многу успешни настапи во Македонија и регионот. Причините за ставање крај на бендот ќе бидат соопштени на самиот концерт, како и низ најавените интервјуа кои ќе се појават во следниот период.
Уникатниот стил на „Беј д фиш“ кој беше граден низ годините, изроди хит-теми како: When he was young, French cheese, True story, Livin in a box, Ideal woman, Instant generation. „Беј д фиш“ во „Сити хол центар“ најавуваат, интимна и емотивна атмосфера со нивната единствена музичка фузија на акустични инструменти, електроника и модерни зачини со значаен природен поп.
Атмосферата пред концертот ќе ја загрее Лепи Џони (The John) со диџеј-сет. Картите ќе бидат пуштени во претпродажба од 28 март по промотивна цена од 200 денари во „Сити хол центар“, Custom Pub, „Љубов“ и Happy cafe.
Нема коментари