Оние што ги следат трендовите и производите за шминкање знаат дека палетите на сенки за очи на компанијата Urban Decay се едни од најомилените и најпродаваните. После неколкуте палети од серијата Naked во кои акцент е ставен на неутралните сенки, брендот почна да презентира нови во поразновидни бои, последната е дел од летната колекција Beached. Содржи осум нијанси кои се микс на море и песок, односно неколку светли, бронзени и бои на праска кои асоцираат на солта, песокот, ефект на исоначност, додека тиркизните тонови алудираат на морската вода. Боите се високопигментирани, а покрај палетата со сенки, за изглед за претстојното лето, брендот предлага и бронзер, металик моливи за очи и кармини во црвени и бежови бои. Колекцијата ќе почне да се продава во мај, но засега овој бренд ние можеме да го набавиме доколку отпапуваме во Хрватска или некоја друга држава во регионот.
*Не е дозволено пренесување на содржината на www.stylist.mk без одобрение на уредништвото. При објавување на материјали од модниот сајт www.stylist.mk, во други медиуми задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот и поставете хиперлинк. Цитирањето и објавувањето на линкот е задолжително, во спротивност ќе подлежите на правни мерки.
Нема коментари