Весело и лежерно, клучниот изглед без размислување и „полн погодок“ е еднобојната џинс комбинација која се појавува како највпечатлив тренд оваа пролет, па Денот на вљубените е одличен повод за да го започнете овој ритуал на облекување. Бела, црвена и бледо сина за неа, а бело-сива, морнарско сина и светло сина за него. Комбинацијата е во целосен „деним“ дух, составена од тексас јакна + џинс, а дел од колекцијата е еко-пријателска од линијата R[ECO]NSIDER. Овој Валентајн, одберете ја соодветната боја и носете ја од глава до пети.
Нема коментари