Во летнитe денови заборавете на тешките течни пудри и изберете ББ крем како дел од негата и шминката во топлите денови. ББ кремот има лесна текстура, заменува неколку производи, погоден е за оние што сакаат брзо да се подготват наутро за на работа, и иако не нуди совршена покривност, идеална е за летните денови кога лицето не трпи премногу тешка шминка.
Овој хибрид на хидрантен крем и пудра го осмисли германскиот дерматолог Кристин Шрамек, и иако често се наведува дека се работи за корејски изум, ББ кремите прво се развиени и користени во Германија. Стануваат мошне популарни во последниве неколку години, иако докторката Шрамек нејзиниот оригинален крем го направила во 1967 година. Имено, таа производот го осмислила за смирување на кожата на пациентите после погруби третмани како пилинг или микродермоабразија, со цел да се покрие црвенилото на кожата. Наместо тешки течни пудри од кои кожата уште повеќе ќе страда, Шрамек им понудила нешто што ќе ги сокрие недостатоците, но во исто време ќе ја негува кожата – и така настанал ББ кремот.
Што значат буквите ББ? Тоа е кратенка од Blemish Balm, во превод балзам против неправилности.
Како делува ББ кремот? Новите ББ креми доста напредувале од оригиналот на докторката Шрамек на база на смирувачки цинк и хидрирачки пантенол, кој им помагал на оние со чувствителна кожа после грубите третмани.
Денешните производи видно ја скратуваат бјути рутината – ББ кремот нуди хидратација и покривност, има висок заштитен фактор, ги покрива порите, зависно од производот може да содржи хијалуронска кислеина и антиоксидански за обновување на кожата, ги таргетира акните, црвенилото и сјаењето, и обезбедува здрав, блескав и одморен изглед на лицето.
Нема коментари