Повеќе од 15 млади дизајнери и брендови за накит ќе учествуваат на базарот во рамките на второто издание на „ Прво па женско“, што ќе се одржи по повод 8. Март во Младонскиот културен центар во Скопје. Меѓу учесниците на слободниот простор за презентација и промоција на ракотворби направени од и за поинаквите жени и мажи во холот на МКЦ ќе бидат : Wizart, Just Because, „Плетени колачиња“, Глигор Кузмановски, ATAMI & Gaya, Em Ellephanstki, M craft’s, Black Fox, Drama Studio, Bip Art, Soro Jewelry, Александра Шекутковска, LUDUS, IsNoGood, Мима Пејоска, KAPKA Jewelry и Ѓорѓе Јовановиќ.
„Прво па женско“ е иницијатива што има за цел да поттикне одново промислување на значењето на 8-ми март – Меѓународниот ден на жената.
-Не ограничувајќи го контекстот на едно подрачје/теорија (феминизам, еднакви права…), „Прво па женско“ нуди целодневна програма составена од активности кои нудат можност за остварување на заеднички (не исклучиво женски или исклучиво машки) поглед и подлабоко разбирање на состојбите. Основната цел на фестивалот е отворање простор за унапредување на позитивниот став кон активноста на оние кои јавно го поставуваат женското прашање и дејствуваат во насока на подобрување на политиките кои во фокусот ја имаат жената. Фестивалот има цел да поттикне препознавање, континуирано следење и вреднување на активна женска сфера во Македонија, но и да ги поттикне нејзините актери на поактивна и проактивна соработка и вмрежување. Програмата на настанот е концепирана како отворено поле за претставување и креативна размена на активните жени денес – оние кои од најразлични позиции теоретски се занимаваат со прашањата на родот, но и оние кои јавно се застапуваат и се обидуваат да влијаат на подобрувањето на политиките кои се однесуваат на жената, како и жени кои автентично се промислуваат себеси и својата улога во општеството, изразувајќи се во сферата на различните уметности-велат од Tiiiit! Inc, кои го организираат настанот.
Оваа година фестивалот ќе се одржи на 7 и 8 март во Младинскиот културен центар (МКЦ). Активизмот и вмрежувањето остануваат клучна точка и фокус на фестивалот, со тоа што ќе ја прошириме можноста за соработка помеѓу организациите кои работат на сродни теми во региониот и во ЕУ. Оваа година програмата вклучува: Женска соба за промоција на организации кои работат во областа на правата на жените и човековите права, активизмотво Македонија и регионот (Матка, Реактор, BeFem од Белград, Haveit од Приштина); Антипредавања за женскте преспективи во литературата, уметноста и популарната култура на професротике Маја Бојаџиевска, Славица Србиновска и Рајна Кошка Хот; Отворена библиотека со наслови од областа на родовите студии од незавнисни издавачи, Изложба и работилница за фанзини на Рита Гомес – активистка, дизајнерка и илустраторка од Португалија; Филмска програма реализирана во соработка со Студиорум, Pravo Ljudski Film Festival и Women Make Movies; Перформанс на уметничко активистичката група Haveit од Косово; Дј настапи на локални диџејки и концерт на бендовите Punchke (Хрватска), Chresus Jist (Србија), June (Македонија), Karmakoma и Kontradikshn (Словенија); Слем поезија; Базар на ракотворби и Детска работилница.
Tiiiit! Inc.е неформална група, формирана во јануари, 2010 година од Јана Коцевска – етнолог, Јана Старделова – културолог, Кристина Леловац – актер и Ивана Петрушевска – новинар. Формирањето на групата е резултат на дологогодишното пријателство и на желбата за активно дејствување на независната културна сцена, темелено на индивидуалното искуство во невладинoт сектор, уметноста и медиумите на секоја од основачките…
Нема коментари