Повеќе од 20 дизајнери и домашни брендови ќе учествуваат на продажниот базар на ракотворби што утре (сабота) со почеток во 12 часот ќе се одржи во Куршумли ан, во рамки на Европски денови на културно наследство – „Европа во Македонија“. На настанот ќе може да се погледнат и набават дизајни од: „Ања Или Ева“, Ивана Величковиќ, „Една Може!“ , Дина Гициќ, Карло Хорват, Андреј Бартлинг, Руки Чуки, Маја Стојковска со Mei Ro, Марина Станковиќ, Соња Димовска, Ема Морисон Митковска, Алма Идризи, Јета Ника, Маргарита Симовска со M craft’s, Глигор Кузмановски, Владимир Благојевиќ, Татјана Qre Стасовска, Јасмина Главинче, Марија Јанева Трајкова, Горан Ивановски, Срна Дамчевска и Анастасија Тунтева Атанасовски. Доброто расположени ќе биде збогатено со концертот на етно-составот Chalgia Sound System.
Истиот ден од 15 до 17 часот во Археолошки музеј на Македонија ќе се одржи Europa Romana: посета на изложби и предавања за римските епиграфски споменици и артефакти. Од 20.30-21.30 во Музејот на Македонија – најавено е Еx Europa Lux: изложба на европската култура во Македонија од XIX и XX век, од 21.30 до 01.00 во Куршумли Ан- Europe Live(s): ќе настапат June, PMG и DJ Game Over. Во случај на временските неприлики, базарот и концертите се префрлаат во Музеј на Македонија.
Нема коментари