Во рамки на Европски денови на културно наследство- Европа во Македонија на 24 септември ќе се одржи продажен базар на ракотворби во еден од најубавите културно историски споменици во старата чаршија, Куршумли ан. На настанот, кој ќе почне во 12 часот, ќе учествуваат „Ања Или Ева“, Ивана Величковиќ, „Една Може!“ , Дина Гициќ, Карло Хорват, Андреј Бартлинг, Руки Чуки, Маја Стојковска со Mei RoМарина Станковиќ, Соња Димовска, ЕмаМорисон Митковска, Алма Идризи, Јета Ника, Маргарита Симовска со M craft’s, Глигор Кузмановски, Владимир Благојевиќ, Татјана Qre Стасовска, Јасмина Главинче, Марија Јанева Трајкова, Горан Ивановски, Срна Дамчевска и Анастасија Тунтева Атанасовски. Доброто расположени ќе биде збогатено со концертот на етно-составот Chalgia Sound System.

Креации на Ema Morrison Mitkoska (Урбан Ера)
Истиот ден од 15 до 17 часот во Археолошки музеј на Македонија ќе се одржи Europa Romana: посета на изложби и предавања за римските епиграфски споменици и артефакти. Од 20.30-21.30 во Музејот на Македонија – најавено е Еx Europa Lux: изложба на европската култура во Македонија од XIX и XX век, од 21.30 до 01.00 во Куршумли Ан- Europe Live(s): ќе настапат June, PMG и DJ Game Over. Во случај на временските неприлики, базарот и концертите се префрлаат во Музеј на Македонија.

Јасмина Главинче

Руки Чуки

Глигор Кузмановски

Алма Идризи
Нема коментари