Моделот Vivienne е дел од колекцијата на BATA за есен-зима 2016, инспириран од англиската традиција и пропознатливиот англиски стил. Изработени од кожа и подигнати на повисока гума која е направена од особено лесен материјал, овие чевли се практични и удобни за носење, па така во нив можете да го поминете целиот ден и лесно да ги адаптирате од чевли за во канцеларија во одлична комбинација за попладневна прошетка или ручек со пријателите. Оригиналните Vivienne се препознатливи по ресите и специфичната декорација на горниот дел кој потсетува на дизајнот на машки чевли и е синоним на лежерна елеганција, а постојат и неколку варијации на овој модел.
Традицијата на ваквиот модел на чевли потекнува од дождливите предели на Ирска и Шкотска, а перфорацијата била направена за да не се собира вода на горниот дел од чевлите. Со текот на времето ваквите детали стануваат шармантен орнамент, а чевлите моден хит во 70-тите. Со враќањето на ретро трендовите, ваквиот модел на чевли е особено актуелен како кај комерцијалните така и кај луксузните брендови. Vivienne моделот може да се комбинира со повеќе различни чанти во зависност од стилот или приликата за која станува збор.
Нема коментари