По успехот на својата претходна капсулна колекција за пролет-лето, чија креација се најде во британскиот магазин Glamour, македонскиот моден бренд Bastet Noir лансира есенска мини-линија. Новата капсулна колекција на првата наша онлајн-продавницата што ги поддржува балканските дизајнери кои практикуваат еколошки начин на производство е наречена Plaid Is Rad, а може да се набави онлајн. Инспирација зад неа е карираниот принт, кој оваа сезона е ин. Од брендот велат дека сакале да направат нешто што нема да има дизајнерски печат, а ќе биде достапно за сите.
Колекцијата се состои од 10 парчиња и сите модели имаат класичен крој: широки палта, пончо, здолништа и панталони. Користеле чиста волна, мешавина на волна и кашмир, како и памук и свила. Од шарите доминира каро, а боите се нежна карамел кафена, темно сина со нишка на црвена нијанса и нежно виолетова со зелена. Моделите се наменети за девојки кои пред сѐ го сакаат кежуал и бохо-стилот.
Деновиве беше снимен lookbook со официјалниот фотограф на „Бастет Ноар“, Виктор Наумовски и манекенката Ана Ежова. (А.Н.)
Нема коментари