Облеката со возбудливи шари, апстрактни мотиви или геометриски принтови е секогаш смел избор. Носете ја кога ќе посакате да привлечете внимание. Но внимателно, принтот треба да е во центарот на модната комбинација, па стилизирајте во минималистички манир и кога бирате шарена облека, тогаш таа нека биде со едноставен крој. Еве неколку свежи примери што ги забележавме деновиве кај светските ѕвезди. Дајан Кругер се појави на промоцијата на својата телевизиска серија „Мостот“ во овој фустан од Мери Катранзу, кој претставува колаж од различни шари и амблеми, а го комбинираше со клач чанта од Шарлот Олимпија и едноставни сандали од Стјуарт Вајцман Актерката Ема Вотсон беше специјална гостинка на вчерашната ревија на „Диор“ во Париз, а потоа се појави и на приватната забава што ја организираше француската модна куќа. Се разбира носеше креација, чевли и чанта од „Диор“ Моделката Суки Вотерхаус присуствуваше на полуфиналето на Вимблдон во кошула и здолниште од италијанската дизајнерка Алберта Ферети Никол Ричи во шоуто на Џими Фалон се појави во мини фустан со авангарден принт Кели Озборн во необично здолниште од брендот Alice + Olivia комбинирано со едноставен црн топ и кобалтно сини сандали
Нема коментари