Кога Викторија Бекам на почетокот на месецот се појави во Њујорк облечена во темносин комбинезон, немаше сајт и моден критичар што не беше одушевен. Не само од кројот и бојата-кои се елегантни и идеални за софистицирани и модерни дами, туку пред сè од формата- целосни панталони со плисе ногавици и должина до глужд. Таа не е единствена што овој месец беше фотографирана приватно или на јавен настан во комбинезон. Ова модно парче очигледно е хит меѓу ѕвездите.
Голем број на славни дами се појавија во комбинезон на црвениот килим. Меѓу нив се издвојува Кери Вашингтон, која е бремена со своето второ дете. Таа носеше црн модел со голи рамена, соодветно кобиниран со црни високи потпетици, а косата и е собрана во плетенки. Тазе мајката Натали Зиа, исто така избрала црн комбенезон, но со прерамки и со ногавици во миди должина. Црни модели носеа и Мишел Докери од „Опатијата Даунтон“, чиј горен дел беше со тантела и бела јака, како и Попи Делевињ која направила комбинација со пастелно кимоно. Емили Ратајковски носеше син свилен модел.
Има и такви што носат комбинезон и за време на нивните приватни прошетки, и додека се на одмор со семејството. Таков е случајот со Џенифер Лопез која се одлучила за џинс комбинезон, ѕвездата од серијата „Игра на троновите“, Софи Тарнер, која избрала младешки сив модел, во комбинација со црвени влечки од „Долче и Габана“. Меѓу нив е и Ајсла Фишер, која носи модел во портокалова боја. Во урбана средина за време на едно снимање беше фотографирана и пејачката Рита Ора во светкав виолетов комбиензон.
Нема коментари