Оливија Палермо и Јохаес Хуебл се вечаа видендов на приватна церемонија во Бедфорд, близу Њујорк, во кругот на семејството и најблиските пријатели. Оливија за овој ден избра необичен комплет од Каролина Херера – отворено здолниште од тул со цветни детали на работ, под кое ѕиркаат бели шорцеви, а во горниот дел облече тенок кашмирен џемпер во крем боја. Комбинацијата е шик и необична, микс на класика и неочекувам момент во облик на шорцеви, а конечниот стајлинг е финиширан со нежна шминка, софистицирана фризура и чевли од Маноло Бланик во темно сина боја. Во однос на накитот, Палермо избра едноставни обетки и алка што ја купила на патување во Индија. Модната икона на новото време покажа дека невестите на својот свадбен ден не мора да носат комплицирани, нападни и големи кринолинести фустани, подобро е изберат модерна, удобна и сосема едноставна комбинација во која ќе изгледаат шик и современо. Сопругот на Оливија, манекенот Хуебл, избра светла и летна комбинација на костум од „Марк Ентони Хамбург“, тегет вратоврска и џебно марамче од „Етро“.
Нема коментари