Дизајнерката Викторија Бекам се чини е најдобар промотор на моделите од своите колекции. Откако направи модна трансформација после кариерата на поп-ѕвезда и одлучи да се посвети на модата, Бекам добива само пофалби за својот изглед. Деновиве престојува во Њујорк и ја промовира новата ресорт колекција, а за цело време се појавува во интересни изгледи токму од нејзината колекција. Од слетувањето во градот кога носеше костим со панталони со принт до вчерашното издание од панталони со ситен цветен дезен, црна блуза и елегантен тенок капут, стилот на Викторија го сецираа повее модни весници и портали. Помеѓу ја видовме во женствени здолништа, блузи со едноставен крој, топ од тантела, трендовско сако без ракави и чанти со нејзин потпис.
Нема коментари