
Војвотката и војводата од Кембриџ пристигаат во Њујорк, таа облечена во капут од брендот Seraphine, тој во тегет костум
Војвотката Кетрин од Кембриџ, заедно со нејзиниот сопруг принцот Вилијам се во неколкудневна официјална посета на САД, а веќе ги освоија симпатиите на Њујорчани и се дружеа Хилари Клинтон и со Бијонсе и Џеј Зи. Вилијам имаше и офцијална средба со Барак Обама, а во нивна чест беше приредена свеена вечера на која присуствиваа бизнисмени, политичари и членови на високото друштво во Њујорк. Војвотката, или позната по цивилното име Кејт Мидлтон, покажа елегантен и смирен изглед во серија на капути кои ги носеше на студеното декемвриско време, а на вечерата во хотелот Carlyle со познати финансиери избра црн фустан од тантела од брендот Beulah London и дијамантски обетки. Првиот ден од посетата воодушеви со капут во темновиолетова боја од Seraphine и црни чизми до глужд, а модел со слична текстура носеше и на кошаркарскиот натпревар на NBA. Додека беше во посета на детски центар во Харлем, облече црн фуста од Goat со бели детали во комбинација со обични црни салонки, а беше во друштво на Ширлен Меклеј, сопругата на њујоршкиот градоначалник Бил де Бласио, која исто така воодушеви со нејзиниот виолетов капут. Кетрин успева да изгеда современо, иако нејизните модни комбинации се строго водени по кралскиот протокол за облекување.
Нема коментари