Српската тенисерка Ана Ивановиќ за вчерашната забава организирана пред почетокот на Вимблдон во Лондон избра креациија од сонародничката Роксанда Илинчиќ, која што подолго време живее и успешно работи во Лондон. За настанот Ана облече долг фустан од колор-блок панели во црна, бела и портокалова боја, дефиниран со лакиран ремен. Креацијата, освен тоа што одлично ја нагласува нејзината атлетска силуета, изгледа доста модерно, а Ана ја докоплетирала со женствена фризура и шминка. Фустанот е од колекцијата на Иличиќ за пролет-лето 2014, а ова не е првпат тенисерката да носи модел на британско-српската дизајнерка.
Нема коментари