Креативниот директор на „Барбери“ Кристофер Бејли ги откри плановите за радикална промена на начинот на кој „Барбери“ ќе продуцира и претставува колекции на модна ревија. Тој најави дека планира да не го следи класичниот формат на Лондонската модна недела на претставување четири ревии годишно (две за женската, две за машката колекција), и од септември оваа година ќе прикажува само две колекции годишни кои не се сезонски означени. На тие две годишни ревии ќе ги прикажува заедно машките и женските колекции. Наместо есен-зима и пролет-лето колекциите ќе бидат реферирани како „Февруарска“ и „Септемвриска“, и ќе содржат модни парчиња кои веднаш после ревијата ќе бидат достапни во бутиците и онјалн. Истото така по ревијата излозите на „Барбери“ ќе ги содржат новите парчиња, и сето тоа ќе биде веднаш проследено со рекламни кампањи во клучните дигитални и печатени медиуми
Целта на овој потег е да се удоволи глобалната публика, и да се намали јазот помеѓу презентирањето на облеката на писта и нејзинатата продажба во продавниците неколку месеци подоцна.
-Измените кои ги правиме ќе ни овозможат да се изгради потесна поврзаност помеѓу искуството што го создаваме на нашата модна писта и моментот кога лужето всушност физички ја истражуваат и бираат облеката за себе. Нашите ревии веќе некое време еволуираа со цел да го затворат јазот, преку стриминг во живо, директна нарачка после ревијата и социјалните медиусмки, ова е само следниот чекор во еден креативен процес кој ќе продолжи да се развива – изјави Бејли, главен и креативен извршен директор на „Барбери“.
Со децении наназад големите модни недели го следат овој ритам – двапати годишно се претсавуваат колекции една сезона однапред, со тоа што машките и женските колекции си „имаат“ свои модни недели. Одредени дизајнери креираат и колекции на висока мода кои се прикажуваат во Париз во јануари и во јуни, а во модниот свет постојат уште и ресорт (cruise/holyday) ипредесенски колекции, со што уште повеќе се усложнува работата на дизајнерите и модните куќи, особено во ерата на интернетот и кога трендовите се раѓаат и згаснуваат со огромна брзина.
Нема коментари