Сликарското патување, што Кристофер Бејли го почна пред еден месец со машката колекција на модната недела посвена на посилниот пол во Лондон, денеска продолжи со женската линија на „Барбери“. Главниот дизајнер на британскиот бренд на Модната недела во Лондон претстави боемски, комплексни и лежерни модели за есен-зима 2014/15. Како и кај мажите, направено е отстапување од класичните строги линии на „Барбери“. Направени се повеќеслојни и волуменизирани парчиња, кои се шарени и лелеави. Има иновации дури и кај препознатливиот барбери-мантил, кој овој пат е повеќе како уметничка наметка, украсен со шарени принтови, везови и во нетипична форма…Застапени се и капути и јакни со кразна,исто така исшарани со апстракни и цветни шари. Моделите се надополнети со марами и ќебе-шалови. Останатите парчиња се микс од материјали, кои иако се контрасни и различни, одлично се надополнуваат. Изгледот е заокружен со големи чанти со принтови.
Нема коментари