Таинствениот уметник Бенски на својот Инстаграм профил објави ново уметничко дело како своја подршка на протестите против расизмот во САД и ширум светот, а кои започнаа по смртта на Џорџ Флојд, Афроамериканец кој пред две недели беше задушен од коленото на полицаец за време на полициска акција. Бенкси го поддржува движењето Black Lives Matter (Црните животи значат), смета дека системот ги издал „обоените“ луѓе и дека „белите“ треба да работат на тоа да го поправат сисмемскиот расизам.
Најмистериозниот уметник на нашето време создаде мурал од врамена слика на црна фигура со свеќа и цвеќиња околу неа. Американското знаме кое виси над главата е запалено од огинот од свеќата под него.
Заедно со уметничкото дело, Банкси ги разјасни своите размислувања за системскиот расизам.
-На почетокот мислев дека треба само да замолчам и да ги слушам црнците за ова прашање. Но, зошто би го правел тоа? Не е нивен проблем. Мој е. Системот ги издаде „луѓето со боја“. Белиот систем. Како скршена цевка што го поплавува станот на луѓето што живеат долу. Неисправниот систем им го прави животот мизерен, ама не е нивна работа да го поправат. Тие можат – ама никој нема да ги пушти во станот горе. Ова е „бел“ проблем. И, ако белите луѓе не го поправат, некој ќе мора да се качи горе и да ја обие вратата – напиша Банкси на својот пост на Инстаграм, кој има собрано над 2 милиони лајкови.
Нема коментари