Дали би платиле 895 евра за еден блузон или џемпер? Инстиктивниот и логичен одговор е НЕ. На нашиот пазар оваа цена е превисока и за венчаница, а камо ли за парче облека кое влегува во изгледот за секој ден… Што има толку посебно во еден блузон за да биде толку скап? Разлистувајќи ги светските модни магазини и влијателните сајтови сезонава во очи ми падна блузонот/џемпер со необичен принт, половина со сликата на препознатливот Бамби од цртанот филм на „Дизни“, а половина со црно-бела фотографија со женска силуета …
Алекса Чанг, Миранда Кер, Аманда Сејфрид, Лили Колинс, Ела Фенинг, Бијонсе Ноулс, Ана Дел Русо, Мирoслава Дума и Карин Ројтфилд се само дел од славните личности што се појавија со т.н. бамби-блузон.
Моделот е хит меѓу холивудските ѕвезди, трендсетерките и блогерите. Алекса Чанг, Миранда Кер, Аманда Сејфрид, Лили Колинс, Ела Фенинг, Бијонсе Ноулс, Ана Дел Русо, Мирoслава Дума и Карин Ројтфилд се само дел од славните личности што се појавија со т.н. бамби-блузон. Дел од нив го носеа како фустан, со колан, а некои го искомбинираа со долги здолништа или хеланки.
Црниот волуменизиран модел од колекцијата есен-зима 2013/14 на „Живанши“, дизајниран од Рикардо Тиши, уште пред да се најде во продавниците беше распродаден. На популарните оналајн продавници како Matchesfashion.com и Net-A-Porter има долга листа на чекање, а во лондонската стоковна куќа „Селфриџ“ беше „разграбан“ уште пред да биде приложен на полиците. Во речиси сите влијателни модни магазини е посочен како парче на сезоната, а беше вклучен и во топ-тренд едоторијалите. И повторно се поставува прашањето – што има толку посебно во бамби- блузонот за да биде толку баран?
Факт е дека изминатава година блузоните, од модно парче што се носи во фитнес-сала или на џогирање, се промовира во трендовски хит, кој може да се комбинира во секојдневниот изглед, но и за свечени пригоди. Нивното враќање на сцената најмногу е благодарение на влијателните модни блогери, кои на големо го прифатија и го промовираа враќањето на стилот од 90-тите години на минатиот век. Стилизираните ХХL џемпери и блузоните со аликација со животни добија нова, шик- слика, а на ова се прилагодија голем број на дизајнери и модни куќи. Пред две години ваква фама се крена и за блузите со фотографија од ротвајлер. Слична фама имаше и за тигар-џемперот на „Кензо“ и за т.н. „Егитофанк“ блузон на „Баленсијага“.
Рикардо Тиши не направи ништо револуционерно или нешто што не беше видено на модните писти. Не е првиот што ги пласира во своите колекции, но е првиот што го погоди вкусот на девојките и жените од различни стилови игенерации. Според некои ескперити допадливоста на овој модел доаѓа од препознатливата симпатична слика со Бамби, ставена во умешен спој со убаво извајана женска фигура, што алудира на истовремено нежната и моќна, сексипилна страна на жената.
Откако го зазема тронот на „Живанши“ во 2005 година, главна задача на Тиши е да го транформира брендот од класична во современа модна куќа. Па така, од скапи ексклузивни колекции за свечености, линиите се насочени кон луксузна секојдневна мода. За бренд како „Живанши“ парче од 895 евра е многу евтино, според многумина и неисплатливо за фирмата. Но, според експертите, на долгорочен план е вредна инвестиција, која ќе ѝ донесе на куќата нов, трендсетерски имиџ- она што го направи „Живанши“ со помош на модната икона Одри Хепберн и филмот „Појадок кај Тифани“ во 60-тите години.
Нема коментари