Традиционалниот хуманитарен бал е еден од најважните настани во кнежеството и прв значаен за годинава која ќе биде во знакот на 50 годишнината од основањето на фондацијата на Принцезата Грејс. Сегашната претседателка на фондацијата, нејзината ќерка Каролина, беше домаќинка на овогодинешниот бал кој се одржа во Etoiles Hotel Sporting во Монте Карло, а на на кој се појавија членовите од монегашкото кралско семејство и нејзиниот пријател Карл Лагерфелд. Дизајнерот не само што ја облече принцезата во негов модел за „Шанел“ (и во патики!), туку и се погрижи за ентериот во салата направен во манирот на рускиот конструктивизам.
Нема коментари