Дизајнерот Оливие Рустен одучи новата колекција на „Балман“ да ја постави на барка што плови по реката Сена во Париз
Новата колекција на висока мода на „Балман“ прикажана е во пресрет на почетокот на Париската недела на висока мода. Креативниот директор на модната куќа Оливие Рустен изведе „ревија“ во необичен формат на која манекенките дефилираат на сребрена платформа поставена на брод кој пловеше по париската река Сена. Модното крстарење тргна од Ајфеловата кула и пловеше до катедралата Нотр Дам.
Ревијата на „Балман“ се емитуваше во реално време во ТикТок. Според идејата на Оливие, претставата беше симболична: дизајнерот сакаше да го прослави крајот на карантинот во Париз, што траеше повеќе од два месеци. Покрај тоа, Рустен реши да потсети дека главниот град на Франција сè уште останува главен град на светската мода, иако луксузот станува сè по демократски.
Фокусот беше на 75-годишнината на модната куќа што ја основал Пјер Балман, на колекциите со потпис на Пјер, како и оние на неговите наследници Ерик Мортенсен и Оскар де ла Рента. Сегашниот креатор на куќата Рустен прикажа нови модели, но и ја потсети публиката богатата историја на „Балман“.
*Не е дозволено пренесување на содржината на www.stylist.mk без одобрени на уредништвото. При објавување на материјали од модниот сајт www.stylist.mk, во други медиуми задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот и поставете хиперлинк. Цитирањето и објавувањето на линкот е задолжително, во спротивност ќе подлежите на правни мерки.
Нема коментари