Тејлор Свифт во креација на „Балман“, десно е идентичен модел од понудата на Nasty Gal
Проблематиката на позајмување идеи и копирање меѓу дизајнерите е една од најклучните во модната индустрија, последниот скандал се однесува на белиот комбинезон што ТејлорСвифт го носеше на доделувањето на музичките награди на Bilboard. Имено, еден ден по настанот, брендот за продажба Nasty Gal на својот Инстаграм-профил објави дека пејачката носела модел од понудата на Nasty Gal, а неколку часа подоцна комбинезонот е распораден на нивната интернет страница. Но проблемот е што креацијата е на модната куќа „Балман“, а не на Nasty Gal, кои толку добро го копирале, што ни самите не можат да одредат чив е моделот.
Од Nasty Gal го отстранија промотивниот пост од Инстаграм, но без оглед на тоа, ги остави сите на интернет да се прашуваат како е можно брендот да ги измеша еден од сопствени дизајни со друг од различен бренд. Уште полошо, дали грешката е намерна за да се привлече внимание, или најлошо, како може да промовираат креација која е буквално копија. И дали во целата работа е загрижен Оливие Рустенг, креативниот директор на „Балман“.
Оливие Рустенг веројатно нема право да реагира за копирање, бидејќи и самиот е обвине за плагијаторство (лево креација на Оливие за „Балман“, десно крњација на Живанши од 1997 година)
Во 2014 година интервју за The Independent, Рустенг се обрати на серијата копии на неговите дизајни за „Балман“ од страна на безброј highstreet брендови и изјави: „Ми се допаѓа кога во излогот на „Зара“ ќе видам моја облека помешана со креации од „Селин“ и Проенза Скулер. Мислам дека тоа е генијално“. Веројатно, Оливие не е многу засегнат, а можеби и нема кредит за реакција, бидејќи и самиот неодамна беше обвинет за плагијаторство, кога во колекцијата за пролет-лето 2015 претстави сако со изрези, кое изгледа идентично на модел од колекција на „Живанши“ од 1997 година. Ах, тој магичен круг на копирање и крадење идеи!
Нема коментари