Дизајнерот на чевли Кристијан Лубутан ја продолжува линијата Nude од салонки во бежови и неутрални тонови во нова колекција на балетанки кои одговараат на различна боја на кожа, со цел да се постигне „гол изглед“. Познат по обувки со високи потпетици, Лубутан ја следи тенденција на ниски чевли и го создаде овој модел на балетанки наречен Solasofia– шпицести и со малечка панделка. Од светла нијанса Lea Nue #1 до најтемна Toudou #7, дизајнерот нуди седум тонови на балетанките што оптички ќе ги продолжи нозете и издолжи силуетата, што ќе признаете е желба на секоја жена. За лансирање на линијата направена е фотосесија со балерини облечени во пачки во нијанси на балетанките и што кореспондира со тенот на моделите.
1 коментар