Откако брендот „Баленсијага“ пласира чанти кои личат на кинески торби за шопинг, потоа чанти кои потсетуваат на пластичните торби за чување ќебиња, сега е ред на нова дизајнерска интеретација на сината кеса што ја користиме за купување во ИКЕА. Грузиецот Демна Гвасалија, дизајнерот на „Баленсијага“, често си поигрува со рекреирање на необични предмети и поигрување со познати брендови, најново додава „кул“ елементи на пластичната кеса на ИКЕА.
Новиот модел наречен Balenciaga Arena Extra-Large Shopper Tote Bag е скапа верзија на големата трапезоидна кеса во кралско сина боја на ИКЕА. Скапа верзија значи дека за торбата на „Баленсијага“ ќе потрошите 2.145 долари, што е мног повеќе во однос на другата торба што во ИКЕА ќе ја купите за 1 долар. Се разбира, чантите не се направени од ист материјал.
Од шведскиот бренд ИКЕА не се налутија на „копијата“, туку изјавија дека им ласка што торбата на „Баленсијага“ е слична со нивната. „Кралско сината боја навистина го комплементира секој аутфит“, велат од ИКЕА.
*Не е дозволено пренесување на содржината на www.stylist.mk без одобрение на уредништвото. При објавување на материјали од модниот сајт www.stylist.mk, во други медиуми задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот и поставете линк. Цитирањето и објавувањето на линкот е задолжително, во спротивност ќе подлежите на правни мерки.
Нема коментари