Уште две модни куќи одлучија да ги следат принципите за еколошшки пристап во модата
Баленсијага и Александар Меквин, два бренда со значајна историја и влијателни во модниот свет, најавија дека ќе престанат да користат крзно во своите колекции. Иако Баленсијага ја укина употребата на крзно откако Демна Гвасалија ја презеде функцијата на уметнички директор, ова е првпат нивната политика да биде објавена во јавноста.
Двете модни куќи кои припаѓаат на семејството на мултинационалната компанија Керинг одлучија да ги следат еко-тактиките и да придонесат во борбата за заштита на животните на свој начин.
Гучи е исто така на списокот на модни куќи кои не користат вистинско крзно во своите колекции од 2018 година.
Според Business of Fashion, Сен Лоран и Бриони се единствените брендови кои припаѓаат на компанијата Керинг, а кои сè уште користат вистинско крзно за своите креации. Шанел, Прада и Версаче се некои од големите модни куќи кои решија да ја поддржат борбата за заштита на животните. Неодамна, британските модни дизајнери Стела Мекартни, Вивиен Вествуд и Ердем Моралиоглу испратија писмо до премиерот Борис Џонсон во кое бараат забрана за продажба на крзно во Велика Британија, со што земјата би станала прва држава во светот во која е забрането крзното.
Продажбата на крзно е многу опадната во последните години, а побарувачката за алтернативи се зголеми. Крзното може да биде само почеток, бидејќи многу компании треба да размислат и за односот со вистинската кожа…
Нема коментари